(ФОТО) Што имаат заедничко овие македонски водителки и блогерки: Изграден тренди моден стил
Македонскиот бренд ЛИНЕА е врската која ги обедини највпечатливите лица кои ги препознавате од телевизските екрани или социјалните мрежи. Maryse Jolene , Александра Пановска Илиевска, Елена Стојановска Јанковска, Јелена Богојевиќ , Сандра Кирков се силни и инпиративни личности со изграден моден печат. Сите тие, довербата на својот гардеробер му ја доверија на брендот ЛИНЕА.
Maryse Jolene е девојка која успеа да се наметне како лик со добро изграден моден стил. Нејзиниот профил на Истраграм го следат над 32 илјади следбеници. Таа успева да се наметне со својот стил и уникатниот начин на кој ја бира и носи гардеробата. Точно знае дека облеката е порака, па затоа и успешено комуницира со парчињата кои ги носи. И ЛИНЕА е дел од нејзиниот гардеробер, кој преку нејзиниот стил добива впечатлива нота на дефинирана уникатност.
Maryse Jolene во елегантни комбинации на Линеа
Александра Пановска Илиевска е познато ТВ лице. Таа е водител- домаќин на кулинарското шоу „Брза кујна“. Инспиративен е начинот на кој таа ги вклопува моделите на ЛИНЕА, давајќи им лична нота од нејзиниот модерен стил. Одлично ги комбинира модните комбинации, во зависност од пригодата или временскиот дел од денот. Ви позајмуваме дел од нејзината лична галерија:
Александра Пановска Илиевска
Листата на познати телевиски водителки кои уживаат во безвременската облека на ЛИНЕА, ја дополнуваат и прекрасните Елена Стојановска Јанковска, водителка на емисијата „Ја сакам Македонија“ и Јелена Богојевиќ од „Фчерашни Новости“.
Познатата водителка Елена Стојановска Јанковска во жолти и свежи комбинации кои се дел од колекција на Линеа пролет-лето 2020
Јелена Богојевиќ и нејзините впечатливи комбинации со облеката на Линеа
Од македонските познати лица кои имаат силно влијание на платформата Инстаграм, ќе ја издвоиме и Сандра Кирков. Оваа прекрасна девојка има навистина живописен профил, кој го следат многу следбеници. Таа на интересен начин ја живее својата модна приказна со ЛИНЕА. Шармантна и позитивна, додава свои модни зачини со цел да постигне препознатлив, моден идентитет.
Сандра Кирков во прекрасниот фустан на Линеа
Листата на познатите дами кои носат ЛИНЕА модели, ќе ја заокружиме со препознатливата хрватската блогерка Ledaboss.
Хрватската блогерка Ledaboss во необичен и впечатлив фустан на Линеа
ЛИНЕА е горда на сите дамите кои го негуваат својот впечатлив моден израз, од дома, но и од надвор.
Погледнете ја и вие нашата модна приказна на профилите на ЛИНЕА на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, а за сите модели кои ви се допаѓаат, ви ја нудиме и опцијата за онлајн шопинг на следниов линк.