(ФОТО) Синот на Дино Мерлин е вистински заводник, а ќерката негова копија

Добивај вести на Viber

Круна на љубовта на Лејла и Дино Мелин се ќерката Наида(35) и синот Хамза (30), кои пораснаа во амбициозни и паметни млади луѓе, чиј фокус е на градње успешна кариера. Не се дел од естрадниот свет, па затоа не може да видиме нивни фотографии од јавни настани.

Наида се занимава со информатички науки и има интернационална кариера, а може да се пофали и со завршени постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија.

Дино Мерлин ретко кога зборува за своите деца и нивните успеси во медиумите, но во една прилика истакна дека Наида не ја интересираат материјалните работи, но дека е приземна и вредна девојка.


За разлика од неа, нејзиниот помал брат Хамза, уште од кога се родил е навикнат да има се што ќе посака. - Кога ќе го прашам што му треба, не ни дочекува да ја завршам реченицата, но секогаш има листа на нарачки, истакна своевремено популарниот пејач во интервју за хрватското списание „Глорија“.

Хамза се школуваше во Берлин и студираше Менаџмент и политички науки во Истанбул. Малкумина знаат дека и тој дел од менаџерскиот тим на татко му.