(ФОТО) Сите гледаа во Вера Мештеровиќ на Виенскиот бал

Добивај вести на Viber

Вера Мештеровиќ, првата Мис на Македонија за Мис на светот е повторно во фокусот на јавноста. Вера беше една од најубавите дами на Виенскиот бал кој се одржа сношти во Скопје, а организаторите ја избраа токму неа да биде водителка на балот.

Вера облече црвена долга тоалета од дизајнерот Златко Јовановски која ја искомбинира со црверн детаљ во косата и со дискретен накит.  Мештеровиќ ја има главната улога во новиот спот на Владо Јаневски за песната „Откако си негова“. Во исто време додека се одржуваше балот во хотелот „Александар Палас“, траеше концертот на Владо Јаневски.

„Да ја поздравиме Вера која е оправдана отсутна зашто е на работна задача, на 100 метри од нас“, рече Владо на концертот во ВИП Арената пред да ја најави песната.

Мештеровиќ ја претставуваше Македонија на светскиот избор за Мис во 1996 година во Индија. Денес, работи како промотор и манаџер на еден познат козметички бренд. Минатата година, таа се разведе од поранешниот фудбалер Игор Кралевски. Мајка е на две деца, синот Андреј (9) и ќерката Јована (7). 

Познатата српска група „Галија“ ја ангажираше Вера во спотот за песната „Нешто ме гони“, кој е сниман на интересни локации во Лос Анџелес. Песната е дел од новиот албум на „Галија“ „У рају изнад облака“ кој излезе лани. 

М.Џаровска 

Фото: Вангел Тануровски