(ФОТО) Скромна и убава: Кејт Мидлтон во чизми стари 16 години

Добивај вести на Viber

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон посети позната фарма во Северна Ирска, а за таа пригода повторно ги облече своите познати кожени рамни чизми во кафеава боја, стари дури 16 години!

Нејзините познати рачно направени чизми со потпис на Пенелопе Чилверс чинат околу 450 фунри, а Кејт дефинитивно докажа дека е во прашање модел за сите времиња, за бројни прилики и за 3 годишни времиња.

Кејт ја воодушеви јавноста со својата скромност, односно со фактот дека и покрај целото богатство не се расфрла со пари, но своите квалитетни парчиња ги носи неколку пати, како секоја друга жена на овој свет.