(ФОТО) СНААТА НА БРЕНА И НА БОБА ЗГОДНА ВО ЧЕТВРТИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Пријовиќ, сопругата на посинокот на Лепа Брена, во моментов со својот сопруг Филип одмара на Јамајка.

Своите следбеници на инстаграм, таа ги израдува со веста дека чека момче, а сега и со слика во бикини. Александра наскоро ќе биде во четвртиот месец, но и покрај тоа има совршена фигура. Тоа го забележаа нејзините фанови на инстаграм, кои не престануваат со комплименти. „Најслатка си. Не можам да поверувам колку добро изгледаш“, се дел од коментарите.

Александра и Филип Живоиновиќ, кој е син на поранешниот тенисер Боба Живоиновиќ од првиот брак, се венчаа во јуни годинава. Свадбата беше еден од најпроследените настани во медиумите и на социјалните мрежи, и поради нив, и поради стилот на Лепа Брена.