(ФОТО) Со стил: Меган Маркл со кариран блејзер и чизмички кои мора да ги имате

Добивај вести на Viber

Војтвотката Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари се на својата турнеја во Австралија каде дефинитивно се посакувани гости од сите.

Денеска ги воодушевија жителите и фармерите во австралискиот град Дабо, а целиот свет се раснежни од постапката на Меган. Имено пред да започне со својот говор, насмеаниот Хари ја одби понудата да му го држат чадорот со зборовите „Во ред е, ја имам мојата сопруга“, додека Меган со еден чадор се засолни себеси и саканиот.

Во многу наврати Војвотката докажа дека има свој изграден стил и не прави грешки кога станува збор за нејзиниот моден избор.

Овојпат нејзината модна комбинација беше совршена за дождливото време. Кариран блејзер, кошула во бела боја, црни панталони и одлични црни чизмички на штикла.

Минимален мејкап и коса во коњско опавче- Меган освојува срца со својот природен изглед, додека Хари со својата џинс комбинација сосема и одговара на својата сопруга.