(ФОТО) Софистициран стил: Радмила Шекеринска во црно-бела комбинација
Кога станува збор за дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. Од друга страна, можноста за комбинации кај жените политичари е поголема токму поради изборот на дополнителни модни додатоци, кои може да бидат клучни за визуелниот изглед.
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска преферира лежерна и софистицирана елеганција, а тоа го потврди и со стилот на денешната посета на секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис кој даде поддршка за референдумот на 30-ти септември и порача дека граѓаните треба да направат голем историски чекор и да го обезбедат местото на нашата земја во НАТО.
Шекеринска избра црнобела комбинација, со бело сако со бисерен брош и црно здолниште со класичен крој.
Фото: Фејсбук-страница на премиерот Зоран Заев