(ФОТО) Софистицирана и шик : Стилот на гувернерката на Народна банка
Првата жена гувернерка на Народната банка на Македонија д-р Анита Ангеловска Бежоска има софистициран стил на облекување.
Без оглед на тоа дали е облечена во фустан или пантолони со кошула или блуза, сакоата во разни бои се нејзин заштитен знак. На повеќето настани, гувернерката облекува сакоа во нежни бои, бела или крем. Таа внимателно избира и боја на кошула или блуза, во склад со бојата на палтото за кое се случува и да е црвено, во повпечатлива боја или пак проверената тегет елеганција.
Во биографијата која што стои на сајтот на НБРМ, таа има 47 години, родена е на 5 ноември 1971 година во Гетеборг, Шведска. Мажена е и мајка на три деца.
Од 2004 до 2010 година таа била главен економист во Народната банка, а била и ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.
Анита Ангеловска Бежоска познава четири странски јазици, англискиот одлично, додека пак делумно знае руски, италијански и шведски.
Фото: Официјален фејсбук профил на НБРМ