(ФОТО) Совршена зимска комбинација: Сите ја копираат Сандра Булок

Добивај вести на Viber

За да го издигнете стајлингот на едно повисоко ниво, понекогаш ви е потребно само едно добро парче облека или во овој случај само еден добар моден додаток. Многу правила се прекршија во последните неколку години и street style иконите ни покажаа како е можно да се спои неспоивото и тоа да изгледа совршено.

Инфлуенсерките станаа инспирација и за холивудските ѕвезди, па може да се видат во сѐ поголем број како шетаат по улиците на Њујорк или Лос Анџелес во навидум крајно опуштени и едноставни комбинации, но станува збор за изданија кои и тоа како се добро осмислени.

Токму такво е и ова издание на Сандра Булок која е фотографирана на Беверли Хилс. Познатата актерка и оскаровка изгледа едноставно и шик во црно лелеаво миди здолниште со впечатлив дезен, предимензиониран црн џемпер и лаковани милитари чизмички. Чиста десетка!