Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Совршено парче за девојки со мали гради: Мила Кунис во одлично модно издание
Мила Кунис се појави на премиерата на анимираниот филм „Wonder Park“ во Лос Анџелес во едноставна шик комбинација.
За црвениот тепих, 35-годишната актерка избра црни панталони во цигарет крој, а со нив искомбинира топ со тенки прерамки во нежна розова боја. Аутфитот го заокружи со црни лакувани салонки.
Топот од предната страна е собран со сребрени копчиња, а моделот е наменет за жени со мали гради, па под него нема потреба да се носи градник.