(ФОТО) Стајлинг со кој секоја жена изгледа 5 килограми послабо: Бриџит Макрон во совршена деловна комбинација

Добивај вести на Viber

Првата дама на Франција, Бриџит Макрон, со сопругот Емануел беше во посета на центарот за лица со инвалидитет и во таа прилика докажа дека ѝ нема рамна кога станува збор за мода.

Од неа треба да се учи. Секој нејзин стајлинг е вистинска инспирација, а овој е созаден за на работа. Вака облечени ќе привлечете големо внимание.

Црно-сивата комбинација е секогаш полн погодок, овие бои никогаш нема да излезат од мода, а одлично им стојат на сите.

Малку подолгото сако ќе ги прикрие евентуалните недостатоци на вашето тело, а тесните фармерки ќе направат нозете да ви излегуваат витки.

Вертикалните линии на сакото, исто така допринесуваат фигурата да изгледа повитко и складно, додека златните детали даваат доза елеганција.

Доколку немате идеја за деловен стајлинг, секогаш „фрлете око“ на комбинациите на Бриџит Макрон. Таа никогаш не греши.

Фото: Profimedia