(ФОТО) Стилски модни парчиња за сите генерации на жени: Пролет во ултра тренди модели
Овие студени, но сончеви зимски денови се идеално време за да размислиме што треба да се најде во нашиот градеробер оваа пролет.
Модната куќа „Bella“ како македонски бренд кој го диктира модниот изглед на секоја урбана, модерна и деловна дама во нашата земја, веќе ја најави новата пролетна колекција која изобилува со светли и свежи тонови, несекојдневни кроеви и голема палета на стилски модни парчиња во кои можат да се пронајдат повеќе генерации на жени, дами, девојки кои сакаат да остават печат со својата појава.
Ние избравме три модели од колекцијата „Ника“ со кои сигурно ќе останете запаметени каде и да се појавите.
1. Кошула-фустан
Неодоливиот спој на бои и двоен дезен, ќе направи да се заљубите на прв поглед во овој кошула-фустан. Идеален за секоја пригода, може да се комбинира и со чизми и со патики.
2. Комплет палто и панталони
Овој комплет во нежна крем боја е одличен избор за секоја модерна деловна дама. Палто со „oversize“ детали и широки панталони се тотален моден погодок за оваа пролет.
3. Елегантен фустан
Дозата на елеганција и минимализам претопени во нежност и убавина ќе направат да се почувствувате како девојка од соништата кога на себе ќе го облечете овој фустан од колекцијата „Ника“. Нема што, ова е „must have“ парче во бежова боја за пролетта која ни доаѓа.
Модел: Сандра Алексоска
Фото: Марко Маркоски
*Пр објава