(ФОТО) Таа е како виното: Моника Белучи во елегантно и заносно издание на 54 години

Добивај вести на Viber

Една од најубавите актерки во светот Моника Белучи, е вистинска убавица на свои 54 години. Таа повотрно го остави светот без здив со нејзината појава на Филмскиот фестивал во Кан и ги засени сите.

Актерката присуствуваше специјално за премиерата на филмот „The Best Years of a Life", а на прекрасната фигура и нејзиниот изглед можат да и љубоморат дури и двојно помладите колешки.

Таа блескаше во долг фустан во тегет боја, со отворено деколте, а малку подоцна ја покажа и другата комбинација за вечерта, елегантен црн комбенезон.

Ненаметливиот накит и опуштената фризура го надополнија нејзиниот стајлинг, со кој Моника уште еднаш докажа дека таа е иста како виното, со годините е сѐ поубава.