Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Тамара во комбинезон од 8390 денари, Тијана во флорален фустан
Сестрите Тамара и Тијана учествуваа на снимањето на емисијата „Никад није касно“ во продукција „Гранд“.
Имено Тамара пред неколку дена, по евровизиската еурфорија, со ќерката Хана замина на посета кај сестра си во Белград.
За емисијата двете изгледаа одлично. Тамара го облече комбинезонот кој го видовме и додека беше на Евровизија. Станува збор за парче од „Guess“ во маслинеста боја кое чини 8390 денари. Стајлингот го финишира со црвени високи потпетици кои одговараа на маичката со црвени детали под комбинезонот.
Тијана пак се одлучи за елегантен фустан со цветен дезен и сандали со проѕирни детали.