(ФОТО) ТАНГА ЏИНС: Фармерки кои ќе бидат хит ова лето

Добивај вести на Viber

Доколку барем за момент помисливте дека светот ќе се опамети и престане да носи премногу искинати фармерки кои повеќе потсетуваат на стара гардероба отколку на актуелно парче облека, сте се измамиле.

Кога во октомври 2017 на Неделата на модата во Токио се прикажани екстремно искинати фармерки кои повеќе откриваат отколку што покриваат, љубителите на модата се надевале дека никогаш нема да заживеат и да станат популарни.


Carmar Denim, брендот кој ги измислил овие искинати фармерки на својот сајт повеќе од добро го продава овој модел и тоа по не баш поволна цена. Ако посакате да прошетатe во овој џинс, потребно е да издвоите 168 долари, но и да бидете на листата на чекање.

Челниците од брендот CD се погрижиле на својот Инстрагам да истакнат фотографии на стајлинг и да им помогнат на девојките кои се во дилема како да го носат овој контроверзен тренд.


Како и да ни се чини, можете да го комбинирате со се, но на вам е да одлучите дали сакате или не да го вметнете овој модел на фармерки во својот гардеробер.