(ФОТО) Тејлор Свифт го има најбараното палто сезонава, може да го имате и вие
Секоја сезона се појавува некое трендовско парче кое сите го посакуваат во својот плакар. Се чини дека неодоливото ретро палто од омилениот шпански бренд на кралицата Летиција моментално е најголем хит меѓу славните вљубеници во модата.
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт која често е на листата на најдобро облечени, секогаш знае како да искомбинира ИН парчиња кои одговараат на младешкиот имиџ кој го негува. Таа не го пропушти роденденот на топ-моделот Џиџи Хадид во шармантен аутфит во кој доминира сакото со црвено-бели коцкички од Манго, инаку омилен бренд и на многу Македонки.
Станува збор за подолго палто, мешавина од полиестер, акрил и од волна со закопчување во два реда кое преку ноќ стана омилено и на многу модни блогерки, а мора да признаете дека одлично ѝ стои и на манекенката Наталија Водјанова.