Поубава од Кејт и од Меган: Стилот на шпанската кралица Летиција

Добивај вести на Viber

За нејзината убавина и стил, светските медиуми на големо пишуваат. За шпанската кралица Летиција Ортис Рокасолано велат дека е поубава од англиските принцези Меган Маркл и Кејт Мидлтон. 

Таа не е само шпанска кралица, туку е и успешна новинарка и водителка, а може да се пофали и со диплома на магистер по аудиовизуелни комункации. Освен титулите на професионален план, ѝ припаѓа и онаа, најелегантната жена во Шпанија и шпанската икона на стилот.

Медиумите велат дека е поубава од Кејт Мидлтон и од Меган Маркл 

Од мала била амбициозна и посетувала и балетско училиште. Пред да се омажи за кралот Фелипе шести, работела и во познати ТВ куќи и известувала за американските претседателски избори и војната во Ирак. Токму поради фактот дека е толку образована и успешна, кралското семејство ја прифати многу брзо, без оглед на тоа дека нема кралска крв. Исто така, на семејството не му пречи што таа зад себе има уште еден брак, со Алонсо Перез, писател и наставник. Шпанците, таа ги освои со совршенета комбинација на убавина и стил, а „Венити Фер“ ја прогласи за една од десетте најубаво облечени жени во светот. 

Шпанското кралско семејство