(ФОТО) ТРАМП НЕ ЈА ИСПУШТА СОПРУГАТА: Меланија во совршена комбинација и изглед како милиони долари

Меланија Трамп за малку ќе паднеше кога се качувала во хеликоптерот на американскиот претседател. Првата дама изгубила рамнотежа, но тука се нашол нејзиниот сопруг кој ја прифатил и така прегрнати стигнале до хеликоптерот во кој се качиле.


Изгледа дека работите во куќата на Доналд Трамп се смириле, и после повеќенеделната борба со медиумите околу изјавата на Сторми Денијелс за сексуалната афера на Трамп со неа пред неколку години, конечно запреа гласините. Двојката изгледа опуштено, разменуваат насмевки, повторно се држат за раце.


Првата дама за краткото патување до Њу Хемпшир каде оделе на еден настан, се дотерала во неочекуван стил. Таа обично се одлучува за секси фустани, но сега избрала лежерна комбинација која уште еднаш покажа дека е на добар пат да стане една од најдобро облечените први дами во историјата.


Меланија се одлучила за тегет капут од кашмир, со интересни ракави направени од волна, додека јаката била висока, а половината истакната со каиш со иста боја на капутот. Капутот во миди должина ги открива нејзините високи чизми во беж боја со висока стабилна пета.


Првата дама ја пуштила својата раскошна коса, а лицето и го красеа интересни наочари со голема рамка, нешто помодерна варијанта на наочари какви што носела и Џеки Кенеди.

Како ви се допаѓа оваа комбинација на убавата Словенка? Би сакале да слушнеме што мислите. пишете ни во коментар.