Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Трансформација на годината: Маријана Миќиќ изгледа непрепознатливо
фото: DRAGAN KADIĆ
Водителката и актерка се осмели на една од најголемите трансформации оваа година.
Маријана Миќиќ ни е позната по долгата коса, а веќе некое време не е бринета, туку русокоса.
Сепак, промената што таа се осмели да ја направи е огромна!
Атрактивната актерка и водителка сподели селфи на својот Инстаграм профил, каде ја гледаме со боб фризура а во описот истакна:
- Успеав!
Судејќи според описот, Маријана веќе долго време се подготвувала за овој потег, а ако ги прашате нејзините следбеници - промената е огромна и убаво ѝ прилега!