(ФОТО) Тренди деловен изглед за првиот постковид прес на Шекеринска

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја одржа својата прва пресконференција внатре во затворена просторија, откако започна корона кризата.

За тој повод одбра навистина тренди деловен изглед со свежи бои. Имено Шекеринска носеше бели панталони и бела блуза, во комбинација со сако во ефектна црвена боја и впечатлива шарена шарпа во слични бои.

Министерката за одбрана зборуваше за изјавата на нејзиниот бугарски колега, Красимир Каракачанов, кој рече дека не е време за меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија.