(ФОТО) ТРУДНИЧКИОТ СТИЛ НА ЕВА ЛОНГОРИЈА: Идната мајка не се откажува од високи потпетици и бикини

Добивај вести на Viber

Најпознатата очајна домаќинка (43) гордо го покажа трудничкиот стомак во тесен бел фустан. Ева Лонгорија среќно позираше пред папараците пред гостувањето во едно од најпознатите американски шоуа.


Ева обичниот бел фустан го споила со свилена наметка и металик сребрени сандали на висока потпетица. Но, поради поодминатата бременост, овој изглед траел кратко, бидејќи Ева пред и после емисијата се пресоблекла во удобен сив фустан и јапонки.


Сличен избор на облека имала и пред неколку дена кога гостувала во емисијата кај Елен Деџенерис, кога избрала темно црвен тесен фустан, портокалов кардиган и проѕирни сандали. И во двете прилики решила да не користи премногу шминка и да има минимален накит на себе.


Меѓутоа, изгледа дека високите потпетици не се нешто од што Ева сака да се откаже од бременоста. Пред неколку денови е видена со својот партнер на плажа во Мајами во портокалово бикини и кафтан. Додека Хосе уживал во капењето, Ева се опуштала во дебела сенка, добро заштитена од сонцето. 


Изгледа дека Ева ужива во бременоста а се надеваме дека така ќе биде и до јуни кога би требало да се породи.