(ФОТО) Туна во екстравагантна креација

Добивај вести на Viber

Облечена во екстравагантна креација, пејачката Туна Сејдиу одржа концерт во Македонската филхармонија со кој го промовираше новиот албум насловен „Фортуна“.

Материјалот е на албански јазик, а на промоцијата дојдоа многу нејзини пријатели, соработници, и медиуми, повеќето од Косово. Во првите редови на промоцијата беа сместени политичарите од ДУИ, но и Дарко Димитров кој што е автор на повеќето песни од албумот, објави естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Туна облече асиметрична креација со карнери, која ја надополни со впечатлив детал во силна, портокалова боја. Последен сингл на Туна на македонски јазик е песната „Со еден збор“ со која му гостуваше на Роберт Билбилов, а голем нејзин хит беше песната „Прашувам ебз глас“, со која настапи на домашниот избор за “Евровизија“ во 2008 година.  

Потоа објави повеќе хитови на албански јазик, и беше дел од судиите во шоуто „Икс фактор“ во Албанија. Во мај во 2017 година, Туна и нејзиниот сопруг, Патрис Бериша станаа родители на синот Тиан.