(ФОТО) Уникатни: Култни насловни страници оживеани од 5-годишната Лола и нејзината мајка

Добивај вести на Viber

Се забавуваме слушајќи различни музичари и менуваме облека, рече мајката која последниве неколку дена најмногу бараше реквизити за снимање

Фотографка од Лос Анџелес, Стеф Џирард, реши да го искористи времето во изолација дома со децата и да рекреира насловни страници на музички икони како Дејвид Боуви, Фреди Меркјури и Лејди Гага, со помош на нејзината петгодишна ќерка.

Џирард претежно фотографира портрети на славни личности од светот на музиката и филмови во Лос Анџелес, а бидејќи не можеше да оди на работа некое време поради пандемијата од Ковид-19, таа ја донесе својата опрема дома и започна креативен проект со нејзината ќерка Лола која има 5 години.

„Лола ја сака музиката, таа секогаш танцува нешто за нас дома“, изјави Џирард за „Yahoo life“, додавајќи дека петгодишната особено ужива во песната на Лејди Гага „Milion Reasons “.

- Маѓепсана е со таа песна, па ги ставаше моите шешири и глумеше пејачка - рече Џирар, која веднаш виде можност за добра фотографија во трансформацијата на Лола, а готовиот производ го објави на Инстаграм.


- Се забавуваме слушајќи различни музичари и менуваме облека - рече мајката, која, како што вели, последниве неколку дена најмногу барала реквизити за копирање на насловни страници што сака да ги снима со својата ќерка.


Џирард и Лола досега имаат направено неколку култни копии на насловни страници, меѓу кои се „Aladdin Sanea“ на Дејвид Боуви и Адел за нејзиниот втор студиски албум „21“.

Исто така, имаат копирано и насловни страници на Брус Спрингстин со албумот од 1984 година „Born in the USA“, потоа „Lioness: Hidden Treasures“ од Ејми Вајнхаус во 2011 година и Тејлор Свифт и албумот „1989“. Лола го имитирала и Фреди Меркјури, а позирањето со мустаќи во улогата на покојниот пејач и било омилено.

А, мислата што ја окупира петгодишната Лола во последно време, како што вели нејзината мајка, е - „Дали Лејди Гага ја видела нејзината фотографија“?



Извор: 24sata.hr

Модна ревија дома: Старица (91) покажа како тоа се прави профи