Модна ревија дома: Старица (91) покажа како тоа се прави профи
Баба Бети Мекдоналд (91) од Џорџија, Америка реши досадата во самоизолација поради пандемијата
на коронавирус да ја промени
во нејзина корист, и се сети да направи
забава.
Бидејќи таа е во ризична група за добивање Ковид-19, не и е дозволено да излегува надвор, што влијаеше на нејзиното расположение, пишува Yahoo.
„Сосетката Бети е навикната да се дружи. Таа секогаш беше дама. Таа честопати оди во црква и се дружи во центарот за стари лица. Таа сака да се средува и да биде уредна, а оваа ситуација ја фрли во очај “, вели нејзиниот сосед Ким Тејлор и додава дека ја советувала да организира модна ревија во дворот, кога не може да излезе никаде и да се дотера.
„Веднаш ми се допадна идејата и ги извлеков моите најдобри костими, фустани и шапки“, вели Бети а нејзината сосетка реши да сподели сè на YouTube.
Со модната ревија му оддаде почит на нејзиниот сопруг Џон Хенри Мекдоналд, кој почина во 2007 година, откако служеше во американските воздухопловни сили 20 години. Тие биле во брак 58 години.
„Секогаш сакаше да се средува и дотера за одење во театар и во клуб за танцување, тоа е дел од него“, вели бабата.
Видео: A Good Neighbor