Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, во јануари годинава објави дека почнал да гради огромен ресорт покрај плажа кој првенствено е замислен како атракција за странските туристи.
Зданието се наоѓа во зоната Вонсан-калма каде што Ким често го поминувал летото како дете.
Со цел да се привлечат туристи, споделени се неколку фотографии. Инаку, ова земја е една од најзатворените во светот.