(ФОТО) Вака се носат хеланки: Викторија Бекам со промена во својот стил

Добивај вести на Viber

Викторија Бекам се прошета низ Париз во парче кое набрзо може да стане нејзин заштитен знак.

Стилот од 80-тите на голема врата се враќа на модната сцена. За таа цел, Викторија облече хеланки во комбинација со џемпер од Шанел.

Торбата со нејзин дизајнерски потпис беше само уште еден ефектен моден додаток.

Со оглед на тоа што Викторија е позната по панталоните со широки ногавици, нејзината новооткриена љубов кон хеланките, ја истакнува нејзината витка силуета.