(ФОТО) ВЕЛИГДЕН НА КРАЛСКИ НАЧИН: Летиција против Кејт Мидлтон
Британската кралица Елизабета Втора, принцот Вилијам со сопругата Кејт и други припадници на кралското семејство присуствуваа на велигденската служба во капелата на Свети Џорџ во Виндзор , каде во мај ќе се венчаат принцот Хари и Меган Маркл но тие двајца не биле на овој семеен собир, пренесуваат британски медиуми.
Претставници на палатата соопштиле дека плановите на принцот Хари и неговата избраничка овој викенд биле приватни, а на службата не присуствувал ниту принцот Филип (96) кој се повлече од јавните должности.
Повеќето членови на кралското семејство прошета од Дворецот Виндзор до капелата, додека кралицата (91) дошла со автомобил.
Кејт направи мал моден пресврт па за оваа прилика се одлучила во темосмеѓа комбинација надополнета со салонки и чанта во беж нијанса. Инаку за појавување на велигденската мисија секогаш се одлучувала за светли модни комбинации и пастелни нијанси.
Принцот Вилијам, Кејт, како и нивните деца Џорџ и Шарлот исто така дошле со автомобил, бидејќи се очекува кон крајот на април војвотката да го роди третото дете.
На собир била и Шпанската кралска фамилија која моментално се наоѓа во Палма де Мајорка. И нивното заминување на миса не поминало без љубопитни фотографи кои ја забележале и новата модна комбинација на кралицата Летиција.
Кралицата носела тренди темноплави панталони ефектно украсени со сребрени копчиња во комбинација со романтична блуза и темноплави чевли на висока потпетица, Изданието го заокружи со розева ташна.