(ФОТО) Весел кич: Модата на црвениот тепих на доделувањето на Американските музички награди
Доделувањето на Американските музички награди, синоќа се одржа во Лос Анџелес, а модните изданија на славните ѕвезди, беа нешто многу поинакво од убави.
Модни креации кои повеќе личеа на модни претерувања, и чија цел беше само да станат вирални, а некои дури и успеаа во тоа.
Апсолутна модна победничка на вечерта беше пејачката Лизо, во кратко фустанче со карнери во силна портокалова боја, која на секој можен начин го редефинира стереотипот дека волуменизираните фустани се само за слаби. Таа триумфираше и во катергоријата „најмалечка ташничка во светот“, носејќи го минијатурниот модел во бела боја од „Валентино“.
И пејачката Хелси се впушти во светот на карнетите и претера со боите. Единствено добро беше нејзината прекрасна шминка и фризура.
Тејлор Свифт и овојпат се појави со стил „мачка во чизми“. Барем да одлучеше дали сака високи чизми... или пак долг фустан. Како и да е собра шест статуетки и стана изведувач на деценијата.
Кеша се појави во мантил со залижана коса, во грозен и пренатрупан дезен од „Версаче“.
Дискутабилен беше и стајлингот на пејачот Шон Мендез. Длабокото деколте, поради накитот, стил во „gender defying mode“.
Во тој стил секако се појави и Били Портер.
А стајлингот на Лил Нас... зборува сам за себе.
Пејачката Кристина Агилера им се придружи на претходните, со својот ексцентричен стил.
Младата Били Ајлиш се скри во целосна креаација на „Burberry“.
Пост Малон пак личеше на родео шампион.
Ова се само дел од кичестите модни креации кои ги видовме вчеравечер.