(ФОТО) Внуката на Грејс Кели е вистинска модна катастрофа

Добивај вести на Viber

Не е Шарлот Казираги виновна што нејзината баба е Грејс Кели. Но, сепак требала да претрча преку семејните фото албуми и да научи нешто за модата и елеганцијата токму од неа.

Шарлот на Филмскиот фестивал во Кан се појави со вереникот, филмскиот продуцент Димитри Расам, син на актерката Карол Буке.

Ќерката на принцезата од Монако – Каролин и внуката на легендарната Грејс Кели се појави во два аутфита – бел фустан за кој сите ја пофалија, како и црн шорц и иста блуза со светкави срциња и ѕвезди, кои ги искомбинирала со црвен ремен со метални нитни и црни сандали. Сето ова е премногу и дефинитвно ништо со ништо не оди, дури не вредат ни одличните сандали.

Комплетот е креација на модната куќа Yves Saint Laurent. Шарлот е миленичка на светскиот џет сет, а нејзиниот љубовен живот е подеднакво интересен за медиумите исто како животот на најголемите шоубизнис ѕвезди.

Неколку години соработуваше со модната куќа „Gucci", течно говори италјански, француски и англиски, сака сноубординг и пливање, а омилено хоби и е јавањето, за кое има освоено бронзен медал.

Со Димитри Расам имаат еден син, а бидејќи прв пат во животот ќе се вери, таа успеа и да ја откаже венчавката четири месеци по породувањето. Шарлот од претходната врска има уште еден син. Сега венчавката е повторно закажана за први јуни, годинава.