(ФОТО) ВО БЕЛО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ: Кралицата Летиција во толку едноставна, а сепак перфектна комбинација

Добивај вести на Viber

Со своите тоалети, забележува Вог, кралицата Летиција секогаш привлекува внимание како што беше неодамна случајот со бисерна украсена тоалета од шпанската дизајнерка Ана Гонзалез или смокинг фустанот со потпис на Hugo Boss.


На недоамнешен настан во кралската палата, на кој му се придружила на својот сопруг кралот Фелипе VI , Летиција модна муза пронашла во кралот на поп музиката.

Пролетното бело одело во кое Летиција се појави, неодоливо потсетува на она кое во својот спот  "Smooth Criminal" го носел Мајкл Џексон.


Вог, понатаму забележува дека ова не е прв случај една светски позната личност да го „позајми“ култниот стил на кралот на попот.

Американската прва дама Меланија Трамп неодамна воодушеви во сако со сукња од Мајкл Корс кое го дополни со бел шешир од модниот дизајнер Ерве Пјер.