(ФОТО) Во дворот има осветена капела: Како изгледа куќата на Цеца во Кипар?

Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ, покрај луксузниот дом во Белград, често престојува и во својата куќа на Кипар. Луксузната летна вила, која се простира на 400 метри квадратни во Аја Напи, Цеца ја зема во 2006 година на кредит.

Кога обврските ѝ дозволуваат, Цеца заминува во својата оаза, а со оглед на тоа што со години го посетува ова место, таа го засакала и менталитетот на тамошните жители и создала многу пријателства, додека нејзините деца, Вељко и Анастасија се школувале таму.

„Имам комшии кои се Иранци, Руси и Кипарци. Во Аја Напи е прекрасно летото, а многу ми е убаво да одам таму кога ќе залади во Србија. Драгоцен е мирот кој го имам во мојот втор дом“, изјави Цеца за српските медиуми.

Интересно е што во дворот постои капела која е осветена од свештениците на Српската православна црква.

Инаку, цените на недвижнините во ова летувалиште, во зависност од локацијата се движат од 150.000 евра за помали куќи, па се' до 2 милиони евра за најлуксузните вили.

Извор: Пинк.рс