(ФОТО) Во природно издание: Татјана Лазаревска без грам шминка

Македонската фолк пејачка Татјана Лазаревска периодов ќе биде на турнеја низ САД, но сепак и покрај обврските е активна на социјалните мрежи.

Јавните личности ретко се осудуваат да се покажат во јавност во природно издание, но тоа не е проблем за Лазаревска, која објави фотографија во кратките приказни на Инстаграм, па може слободно да истакнеме дека води грижа за сопствениот изглед.

Инаку, докажаните фолк-интерпретатори Татјана Лазаревска и Новица Василевски пред неколку години одлучија да ја напуштат земјата во која изградија кариера и отпочнаа ново животно поглавје на другата страна од светот, во Мелбурн, Австралија.