Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Во што се маскира Елена Ристеска за „Ноќта на вештерките“?
Поп-ѕвездата Елена Ристеска ужива во уште еден одмор во Америка. Откако на крајот на летото ги посети Њујорк и Мајами, пејачката во моментов е во Чикаго, каде што ќе одмара и ги договара следните настапи.
Бидејќи вчера таму се прославуваше „Ноќта на вештерките“, Елена во придружба на двајца маскирани машки, излезе на американските улици на забава. Таа избра едноставен црн стајлинг и маска, а фотографијата ја постираше на својот профил на Инстаграм.
Елена, пред да замине во САД, ја промовираше новата песна и спот „Снаге за крај“ на српски јазик, која за неа ја напиша црногорскиот пејач и автор Сергеј Четковиќ.