(ФОТО) Водителката Јана во холивудско издание

Добивај вести на Viber

Водителката од „ТВ 24“, Јана Серафимова, во гламурозно издание се појави сношти на отварањето на Мајските оперски вечери во Македонската опера и балет, на операта „Аида“.

Јана облече долг златен фустан од дизајнерот Андреј Папаз, во кој според коментарите на нејзините пријатели изгледаше холивудски. Комплетниот стајлинг го надополнија фризурата, шминката и накитот.

„ Ретко сакам нешто конкретно да прикријам со шминка, можеби неизедначеност во тенот на лицето, без тоа не би имала добра подлога за комплетна шминка. Имам сини очи, па најчесто нив ги истакнувам при шминкањето“, изјави неодамна Јана за Женски магазин.