(ФОТО) За него времето застанало: Најголемиот негативец од „Титаник“ на 53 години во топ форма!

Кој го има гледано „Титаник“, сигурно се сеќава на негативниот лик од овој филм, поради кој сите ги кубевме косите, навивајќи вистинската љубов да победи. Изгледа како за познатиот актер времето да застанало, бидејќи изгледа исто како и пред 22 години.

Били Зејн (53), кој се прослави со улогата на Каледон Хокли во еден од најпрофитабилните филмови на сите времиња, на својот Инстаграм профил се пофали со фотографии од егзотични локации, позирајќи само во кратки панталони. Во прв план се неговите стомачни, поради кои обожавателките паѓаат во транс, секако доколку судиме според коментарите.

„Ммммм, совршен си“, „Не си остарел ниту еден ден!“, „Изгледаш совршено, ожени ме“, се само некои од коментарите кои се најдоа под фотографијата на која Били изгледа како и пред две децении, освен што сега нема коса.

Инаку, Зејн во повеќе наврати откри дека целиот живот е посветен на здравата исхрана и тренинзите, па благодарејќи на тоа делува толку младолико.