(ФОТО) За сечиј вкус: 8-те најпосакувани трендови за 2021 година

Добивај вести на Viber

Ќе биде во тренд сè, од цветни принтови, точки, до плетени парчиња. Вака ќе се облекуваме во текот на 2021 година ...

Во текот на новата 2021 година, акцентот ќе биде ставен на едноставноста. Едноставните кроеви ќе бидат во тренд, но и светлите бои што ќе го направат секој стајлинг попривлечен.

Модните експерти велат дека е дозволено експериментирање и играње со модните трендови и комбинирање на навидум некомпатибилни парчиња.

Еве ги трендовите што ќе доминираат во текот на следната година:


1. Пачворк техника

Пачворк или крпеница е интересна техника на шиење која комбинира различни парчиња ткаенина, според одредена шема.  

Фото: Printerest

Најинтересните дела со крпеница изобилуваат со бои и креативно дизајнирани. Речиси сите парчиња ќе бидат изработени од овој материјал.


2. Плетена облека

Плетените парчиња стануваат сè попопуларни секој ден, па така плетение тренерки, дуксери, фустани, здолништа, па дури и панталони се задолжителни во гардеробата на секоја жена со стил.  

Фото: Printerest

Овој тренд ќе продолжи и во текот на 2021 година.


3. Јаки бои

Колку е пошаренолико, толку подобро, е правилото што сите трендсетерки ќе го следат следната година.  

 Фото: Printerest

Парчиња во јаки бои, како и спојување на 2 или 3 бои во еден стил ќе бидат добредојдени.


4. Транспарентни парчиња

Предизвикувачки и романтичен, во исто време, ова е најдобриот начин да се опише овој тренд.  

 Фото: Printerest

Транспарентни парчиња кои ја скокоткаат имагинацијата, и изгледаат многу женствено, се нешто што ќе им се допадне на повеќето жени. Особено, фустаните ќе бидат одличен избор за вечерно излегување.


5. Спортска елеганција

Комбинирањето на спортски и елегантни парчиња ќе биде многу популарно следната година. 

 Фото: Printerest


6. Морски мотиви на облека

Овој разигран дизајн ќе биде многу популарен во текот на целата година.  

 Фото: Printerest

Мотиви како морска ѕвезда и школки, што често ќе ги видиме на гардеробата.


7. Цветен принт

Овој принт нема намера да ја напушти модната сцена. 

 Фото: Printerest

Ќе биде релевантен и во текот на следната година.


8. Нагласени рамења

Потпунки за рамо, како и сите парчиња со нагласени рамена, ќе бидат многу популарни.  

 Фото: Printerest

Вакви парчиња изгледаат одлично кај сите жени и ја прават фигурата да изгледа похармонично.


 Фото: Printerest

Можеби ќе ве интересира: