(ФОТО) Заборавете на овие 5 парчиња облека: Го уништуваат изгледот

Добивај вести на Viber

Сите сакаме да изгледаме добро. Во повеќето случаи, најдобро „оружје“ за оваа намена е облеката. Не бадијала, народот рекол „Руба краси, руба гнаси “.

Добро е да се знае дека има еден куп парчиња облека што може да го уништат секој изглед. Еве ги петте модни додатоци кои им се уништувачи на секој изглед:



Здолниште балон

Многу модни куќи продолжуваат да ги промовираат овие здолништа, но време е да се признае вистината - тие одамна се старомодни. Балон здолништето целосно го уништува изгледот на секоја жена и прави бутовите и задникот да изгледаат огромни. Затоа е најдобро да ја исфрлите оваа облека од вашиот плакар.



Блуза со огромни ракави

Тука работите се слични со балон здолништето. Големите ракави создаваат илузија на крилја наместо елегантни женски раце. Ако сакате да изгледате огромни во рамената и рацете, тогаш во ред - носете такви блузи, но ако сакате елегантен изглед, заборавете на оваа облека.



Плетена облека

Плетената облека генерално е дел од гардеробата на повеќето жени во текот на летото, но не правете грешка - тие не изгледаат толку кул колку што мислите. Во повеќето случаи, тие создаваат илузија на искинати партали што висат од телото. Ако сакате да изгледате како да носите чаршав или покривка за ткаење, ткаена од баба ви, тогаш добро - тоа е ваш избор. Но, ако сакате да изгледате стилски, подобро исфрлате ги овие плетења од вашата гардероба.



Сандали со ремени

Деликатните сандали со неколку ремени се многу добра опција за летото, но немојте да  правите грешки со сандалите римјанки со многу ремени. Со голо око може да се види дека овие сандали ја намалуваат визуелно должината на ногата на жената, а не сакате да изгледате како патка со кратки нозе. Да не спомнуваме дека сандалите со многу ремени се исто така непријатни - само по пет минути пешачење со нив ќе добиете плускавици на сите места на нозете и стапалата.


Масивни шапки

Големите летни шапки беа релевантни во 2000 година, сега воопшто не се. Тие ја „кријат“ жената под себе толку многу што со нив секоја дама ризикува да стане џуџе скриено под огромен и истегнат шатор.


(ФОТО) Моден гаф на Мелани Грифит за кој сите зборуваат