(Фото) Заедно со внуките: Некогашната убавица Руби, денеска е баба!

Добивај вести на Viber

Во 2004-та година таа беше атракција на мали екрани, како една од најубавите и најпривлечни актерки од шпанските серии. Станува збор за уругвајската актерка Барбара Мори, која се прослави со улогата на Руби Перез.

Таа го задржува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но веста дека станала баба пред две години, се ширеше со молскавична брзина низ светот и ги зачуди сите.

Барбара станала мајка на 19 години, а нејзиниот син Серхио, исто така, станал татко на 19 години.

Актерката сега има 40 години, и сите ќе се согласиме дека изгледа младо и убаво, како и пред 14 години ...

Нема сомнение дека Барбара ги обожава внуките, што се гледа на нејзиниот профил на Инстаграм.

Иако поминаа 14 години од серијата „Руби", Барбара сè уште има голем број обожаватели.

Внуката Луана навистина наликува на баба Руби.

Исто како и нејзиниот татко, и син на убавата актерка.