(ФОТО) Згодните синови на холивудските заводници
Во светот на шоубизнисот, полeсно се успева доколку сте пораснале во него. Доказ за тоа се синовите на холивудски заводници, кои ја наследуваат славата од нивните татковци.
Иако има само 17 години, синот на Пирс Броснан - Парис има солидна кариера како модел и соработува со познати модни куќи, меѓу кои последната кампања му беше за Долче и Габана.
Голема сличност со таткото има 24 годишниот Патрик Шварценегер, синот на Арнолд Шварценегер, кој тргна по неговите стапки да стане успешен актер. Сличен е и примерот со 37 годишниот Џек Хофман, синот на Дастин Хофман, кој исто така гради актерска кариера.
Глумата не го интересира синот на Џад Ло, Раферти кој има 21 година и е диџеј во познати лондонски клубови.
Музиката исто така го интересира и пејачот Габриел Кејн Деј Луис кој има 23 години и е син на оскаровецот Даниел Деј Луис.
Во галеријата можете да ја видите сличноста на холивудските заводници и нивните синови.