Моден фокус // Трендови
(ФОТО) ЗГОДНО ТЕЛО, ВИСОКА СТАВА: ТОП фустани од Клои Кардашијан
Една од сестрите Кардашијан, Клои, позната риалити ѕвезда не престанува да го привлекува вниманието на јавноста. Деновие се појавија гласини дека нејзиното момче со кое го чека првото дете ја изневерил, а таа веќе беше во брак со Ламар Одом.
Како и нејзините сестри, и Клои има градба во облик на песочен часовник. Нејзиниот тим од стилисти водат сметка за нејзината линија кога ја избира гардеробата за појавување.
Таа сака тесни фустани, над или под колената, кои го истакнуваат нејзиниот струк и позадина по кои овие сестри најмногу привлекуваат внимание .
Денес издвојуваме некои од највпечатливите модни комбинации од Клои Кардашијан.