(ФОТО) ЅВЕЗДИ НА РЕВИЈАТА НА Dolce & Gabbana: Кетрин Зита Џонс и ќерка и пленеа внимание со модните комбинации

Добивај вести на Viber

Њујоршкото претставување на колекцијата на висока мода со потпис на италијанското дуо Dolce & Gabbana не сакаа да го пропуштат многу познати лица, а посебно внимание предизвика 14-годишната ќерка на актерот Мајкл Даглас и велшката убавица Кетрин Зита Џонс.

Во друштво на мајката, 14-годишната Керис Даглас го пленеше вниманието на јавноста при доаѓањето на гламурозната ревија на двоецот Dolce и Gabbanа во оперската куќа во центарот на Линколн.


И додека велшката убавица блескаше во провокативно издание создадено од чипкаст фустан со миди должина и корсетна постава, нејзината 14-годишна ќерка одлучи да ја следи ревијата во првите редови во комбинација на цветен корсетен топ без раменици, црни панталони и штикли со детали на ружа.

Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас се најдолговечен холивудски пар и покрај ќерката го имаат и синот Дилан кој има 17 години.