(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СЕЛОТО КОЖЛЕ И МОСТОВИТЕ НА ПЧИЊА И НА ВАРДАР) Убавините на Македонија: Адреналинска тура што ќе ве направи побогати

Адреналинскиот мост на Пчиња, во близина на село Кожле е нешто што мора да се доживее. Поминувајќи го, и гледајќи надолу кон реката ќе почувствувате малку страв, но и возбуда и убавина.

До мостот се доаѓа на два начина, по автопатот Скопје- Велес, под малата црквичка на патот, или од село Кожле.

Полесниот начин е да се паркирате кај црквичката, на паркингот на автопатот и се симнувате по скали, низ шумата надолу. Мостот, реката и ветегацијата нудат величенствена глетка одозгора, а кога ќе му се доближите, почнува возбудата. Мостот всушност го спојува селото Кожле со автопатот “Пријателство“.

Вториот пат е подолг, но повозбудлив, пеш од селото Кожле. Ако одите од центарот на Скопје, патувате преку населбата Петровец, и пред  Катланово се исклучувате десно за Блаце.

Ако решите да ја изодите нашата пешачка тура, ве очекуваат панорамски глетки од кои се одзема здивот, и уште еден адреналински мост, нешто пониско поставен, на Вардар.

Кожле денес е село со само неколку постојани жители. Лоцинарно на десниот брег на Пчиња, се наоѓа на надморска висина од околу 500 метри. Гордоста на Кожле е потеклото на двајца наши академци, кои се токму од ова место, познатиот оториноларинглог Александар Андреевски и познатиот поет Гане Тодоровски, чие вечно почивалиште е токму во Кожле, по еден столетен даб.

На околу 2 километри од Кожле патеката се дели на два дела, едната води кон Св.Богородица, а другата кон село Карабуниште. Во дворот на Цвета богородица можете убаво да се одморите, а домаќините ќе ве понудат и со домашна ракија, сирење, зимница..

На патеката кон Карабуниште се наоѓа вториот мост кој е на реката Вардар.

Самата патека  е околу 6-7 километри во еден правез и е лесна за одење низ многу питом предел. Обичо, пауза сите прават кај убавите елки, каде пто панорамата е прекрасна, и никој не одолева а да не ја фотографира. Патот води кон висечкиот мост на Вардар. Мостот е направен од пет сајли и даски, но е безбедеден, и го поминуваат и мали деца и повозрасни лица.

Како во некое минато време, патот не води покрај пругата, онаа која води од Скопје кон Велес, можете да го посетите  и манастирот св, Илија.

Оваа тура е вредна за истражување не еднаш, туку повеќе пати. По посетата на двата моста и на магичното Кожле, дома ќе се вратите побогати и посреќни.

Милица Џаровска

Фото: Вангел Тануровски