Француска отменост! Едноставната но моќна комбинација на Брижит Макрон во која ја прослави победата на сопругот
Емануел Макрон победи во вториот круг од претседателските
избори во Франција, па претходниот ангажман ќе го продолжи и во следните пет
години.
На прославата на триумфот друштво му правеше сопругата Брижит, која беше одлично расположена и се обиде да го усогласи својот стил со Макрон.
Имено, г-ѓа Макрон, исто како и нејзиниот сопруг, избра впечатлива нијанса на тегет, а ниту овој пат не отстапи од својот намален, едноставен стил во кој често флертува со машката мода.
Таа избра одело во кое доминира пократко сако со специфични закопчувања и сребрени детали, а ова моќно парче е инспирирано од морнарска униформа. Кога станува збор за кројот на панталоните, првата дама на Франција избра класични панталони со ногавици цигаретки со должина од 7/8.
Изданието го комплетираше со елегантни салонки, но и со скапи, а сепак дискретни обетки. Таа се одлучи и за малку поинаква фризура од вообичаената - го подигна предниот дел на својата бујна, руса коса.
Што велите за овој изглед на г-ѓа Макрон?
Фото: Профимедиа