Французинката е најголем фаворит на Евровизија, а по потекло е од Балканот: Се чувствувам како Србинка

Младата пејачка се надева дека ќе победи на Евровизија со емотивниот шансон, а исто така и обложувалниците засега го предвидуваат тоа. Покрај тоа таа веќе се докажа како успешен текстописец на музички хитови.

Француската претставничка на Евровизија оваа година, Барбара Прави (28) во моментов е  една од двата најголеми фаворити на сите специјализирани обложувалници за Евровизија, заедно со италијанската алтернативна рок-група „Менескин“.

Презимето на Барбара е Пиевиќ, а уметничкото име Прави го избра во чест на нејзиниот дедо и српските корени. Нејзиниот дедо по мајка е од Ирак, па за wiwibloggs, таа изјави дека се чувствува како да припаѓа на многу држави.

- Вљубена сум во семејната историја. Се чувствувам како Србинка затоа што го сакам дедо ми - рече таа.

Ова е нејзин прв настап на Евровизија и се надева дека ќе победи претставувајќи ја Франција, победа која Французите ја посакуваат од 1977 година. Сепак, ова не е нејзина прва средба со Евровизија, бидејќи во 2019 и 2020 година напиша песни што ја претставуваат Франција на Евровизија.

Песната „Бим Бам Тои“ од 2019 година беше многу популарна на TikTok, а „J’imagine“ беше првата француска победа во јуниорската верзија на натпреварот. Младата пејачка соработуваше во компонирање и пишување песни за неколку француски пејачи, па дури и за Џејден Смит, синот на актерот Вил Смит.

Нејзината соло музичка кариера беше обележана со нејзиниот прв албум во 2018 година, а нејзиниот стил продолжи да се развива после тоа. Таа вели дека има многу извори на инспирација и примери, но француските шансони ѝ се омилени.

Нејзината евровизиска песна „Voilà“ е многу отворена и многумина кои ја слушнаа во пресрет на натпреварот, се поврзаа со зборовите. Пејачката во песната моли да биде прифатена каква што е. Нејзината болка и несигурност како резултат на таквата изложеност на чувства одекнува како музички како и кај публиката.


- Оваа песна ми го украде срцето - е еден од коментарите на Јутјуб. Другите коментари се полни со поддршка од целиот свет.

извор:24sata.hr
фото:instagram

Васил е на дното на обложувалниците, но и тие се дел од игрите на големите лоби групи: Александра Јовановска шеф на евровизиската делегација во Ротердам