Фризерката ми го спаси животот: Отидов да се шишам, а завршив со три операции на главата

- Бев убедена дека само син ми нешто ми нацртал на кожа додека си играше - ја започнува својата приказна 43-годишна мајка чиј живот, како што тврди, го спасил фризер.

Ли Кинг од Австралија била убедена дека оди во салон на шишање, но оваа случајна посета предизвикала сериозни последици.

- Една од моите најдобри пријателки е фризерка и одвреме-навреме ми ја средува косата. Последен пат тоа го направи во ноември 2020 година и беше добро - вели Кинг.

- Во мај 2021 година отидов повторно да ја видам. Ме чешлаше кога во еден момент забележа нешто на едната страна од мојата глава – објаснува таа.

Тоа беше чуден белек голем како монетата.

- Бев убедена дека мојот син нешто нацртал додека си играл. Но, мојата пријателка штотуку ја заврши обуката за дерматологија и имаше чувство дека нешто не е во ред - објаснува жената.

Под притисок, жената закажала итна посета на лекар.

- На дерматологот му требаше еден поглед да го класифицира ова како син невус - открива жената.

Сината бемка е карактеристична сина бенка (ова е предизвикана од светлосниот феномен наречен Тиндалов ефект) кој може да биде вроден или стекнат. Нормален син невус е рамен, но може да биде и конвексен и има опсег на бои од синкаво-сива до синкаво-црна. Сините бемки обично се наоѓаат кај луѓе со азиско потекло. Релативно ретко се претвора во меланом.

Докторот рекол дека „вакво нешто не видел 30 години“, што навистина ја исплашило жената. Посебно загрижувало темпото на промени.

- За шест месеци порасна од нула на речиси 24 милиметри во дијаметар. Ако нешто се развие толку брзо, ситуацијата секако е далеку од совршена – нагласи таа.

Конечно, за целосно да се ослободи од родениот белег, жената морала да направи три операции.

- Јас сум оптимист, но таквата промена во мојата глава може да биде многу застрашувачка - вели таа.

Како што забележува, сè што сакала е лекарите што поскоро да го отстранат целиот белег.

- По втората операција се‘ уште остана фрагмент за кој лекарите мислеа дека можеби останал на место, но јас им реков дека сакам апсолутно се‘ да исчезне - додала таа. За среќа, се заврши добро кај жената:

- Добивањето негативни резултати беше еден од најубавите денови во мојот живот за мене. Тоа беше навистина долг процес и би сакала да ја подигнам јавната свест за ракот на кожата - признава таа.

- Ве молам, користете крема за сончање и носете капи, особено ако живеете или посетувате места каде што сонцето сјае исклучително силно - апелира таа.

- Повеќето луѓе ретко или речиси никогаш не прават самопреглед на бенките, а подобро е да се спречи отколку да се лекува. Сега тоа го прават сите мои пријатели - опишува Ли.

Рак на кожа - како да го препознаете?

Ракот на кожата е сериозна болест која напаѓа подмолно и може да погоди многу луѓе. Малигниот рак на кожата, иако се развива постепено, е парадоксално лесно да се занемари. Тоа е затоа што многу пациенти претпоставуваат дека бидејќи кожните лезии може да имаат различно потекло, ракот на кожата е всушност малку веројатно објаснување за нив.


Фото: unsplash