Здравје // Совети
Фрлени 15 милиони дози вакцини на „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19: Што е причината?
Во американскиот град Балтимор, околу 15 милиони дози вакцини против коронавирус (КОВИД-19) од фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон мораа да бидат фрлени поради мешање на компонентите во производствениот погон, пренесува Анадолија.
Според „Њујорк тајмс“, дистрибуцијата на милиони дози вакцина „Џонсон и Џонсон“ е стопирана поради мешање на компонентите на оваа вакцина против ковид-19 во погонот каде што се произведуваат вакцините „Џонсон и Џонсон“ и „АстраЗенека“.
Од таа причина, околу 15 милиони дози вакцини завршија во отпад, додека Администрацијата за храна и лекови (ФДА) започна истрага за овој случај.
Се очекуваше вакцината „Џонсон и Џонсон“ која се дава во една доза да го забрза процесот на вакцинација во таа држава.
Извор: агенции