Фудбалерот се ожени пред три месеци, а пред три дена му почина сопругата: Објави фотографија која натажи многумина

Добивај вести на Viber

Џош Викери, голманот на англискиот фудбалски клуб од Дерби, три месеци по судбоносното „да“, откри дека неговата сопруга починала од рак, пишува „Дејли мејл“.

Џош Викери (27) кој својата професионална спортска кариера ја започна во Арсенал, на Инстаграм ја документира долгата и тешка борба што ја водела неговата сопруга Лаура за време на терапијата, со надеж дека ќе успее да ја победи тешката болест.

Џош во емотивна објава на Инстаграм напиша дека ја изгубил љубовта на животот на свадбена фотографија.

View this post on Instagram

A post shared by Josh Vickers (@joshuavickers)



„Толку пати пишував и избришав што веќе не можам да ги најдам вистинските зборови и не сум сигурен дека некогаш ќе ги најдам. Во четвртокот вечерта мојата сопруга ја загуби битката со ракот. Лаура е најхрабрата личност што некогаш сум ја сретнал.

И покрај се низ што поминал, таа продолжи да се смее. Не дозволи ништо да и застане на патот и да и ги одземе убавите спомени. Плачевме заедно, се смеевме и танцувавме во најтешките моменти. Сакам секој заеднички момент да ми остане во сеќавање, од средбата до мирниот крај. Знам дека ме чуваш. Те сакам засекогаш“, напиша Џош.

View this post on Instagram

A post shared by Josh Vickers (@joshuavickers)



Голманот на 1 јуни објави дека се оженил, а во четвртокот се прости од сопругата.

Foto: Instagram