(ФОТО) Фустанот на Меган ќе биде еден од водечките трендови сезонава

Добивај вести на Viber

Пролетта ќе биде обележана со лелеави комбинации

Со пролетта ни доаѓа и тренд кој многу жени ќе го сакаат. Фустани со лелеави кроеви ќе бидат многу актуелни, освен тоа што добро стојат, секоја жена се чувствува пријатно во нив.

Должината е одлична за сите прилики, за работа во канцеларија, а исто така е добра и за опуштени и кежуал варијанти.



Бидејќи е пресечена под градите, ќе им стои подобро на послаби и високи дами, додека пониските дами би требало да го избегнуваат овој модел, за да се избегне ризикот од дополнително скратување на фигурата.



Меган се одлучи за „цигла“ боја, која е една од понеутралните тонови и е една од боите што одговараат скоро на секој. Наборите ги потенцираа кривините и ја прават фигурата да изгледа многу женствено.

За дами кои сакаат да ја истакнат беспрекорната фигура, овој модел е како создаден само за тоа.


И чантата и е посебна: Меган Маркл ја носеше на своите последните кралски должности