Гацов: Singular прави силен продор со иновативни софтвери за игри на среќа
Пред неколку месеци компанијата Singular беше номинирана за најиновативен софтвер во iGaming индустријата на светско ниво, а сега иновативните решенија кои ги нуди привлекоа глобален инвестициски фонд да купи 20 отсто од компанијата. Во разговор за Фактор, Дарко Гацов од Singular вели дека компанијата која е меѓународна планира да се шири и во регионот, но и пошироко во светот. Нејзина примарна дејност се игрите на среќа, додека тимот во Македонија развива софтвер за спортско обложување.
- Од самиот старт целта на Singular е креирање на иновативни решенија на пазарот на игри на среќа. Фокусот на иновативност беше причината која го привлече вниманието на еден глобален инвестициски фонд како Vereeni Investments. Инвестицискиот фонд се здоби со 20 проценти удел во компанијата Singular за почетна инвестиција од пет милиони евра која се очекува да се зголеми во наредните 13 месеци врз основа на проектираните резултати. Јас верувам дека инвестицијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на глобалниот iGaming пазар - вели Гацов.
Целиот разговор прочитајте го на ФАКТОР.МК