ГАК остана без почитуваната докторка Александра Лазарова: Тажна вест

Добивај вести на Viber

Докторската фела денеска прими тажна вест. Починала докторката Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство од УГАК.

„Со огромно жалење ве известуваме дека почина нашата почитувана
Доц. Д-р Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство од УГАК.
Искрено сочувство до семејството,пријателите,колегите и многубројните пациенти.
Ќе ве паметиме по вашата човечност и отвореност за помош и едукација на помладите колеги во секое време “, сопштија на фејсбук групата „Асоцијација на млади специјализанти и лекари“.